OLSC Macedonia - Влезници #Anfield


Фан клубот за своите членови може да аплицира единствено за влезници од Премиер лигата за натпревари на Anfield. За сите останати натпреварувања како FA или League Cup и европските официјални или пријателски натпревари фан клубот нема пристап.

За влезници може да аплицира секој член на фан клубот кој има купено LIGHT , FULL, Mighty Red или Teen Red membership од www.liverpoolfc.com , е државјанин на нашата држава и своето членство го има регистрирано кај нас. . Членовите со International membership и Little Liver неможат да аплицираат бидејќи тоа членство не предвидува пристап до влезници односно на Anfield неможе да се влези со таа членска карта. Прочитајте повеќе во ЧЛЕНСТВО.

Аплицирањето се прави два пати годишно , еднаш во Јуни-Јули за првиот дел од сезоната и еднаш во Октомври-Ноември за вториот дел од сезоната . За потврда дека се добиени влезници се чека неколку недели и нема гаранција од страна на клубот дека ќе ни бидат доделени бидејќи интересот секогаш е голем и во зависност од рејтингот на натпреварот.

Секој кој сака да аплицира мора да исполнува неколку услови:

- Mора да е регистриран член на OLSC Macedonia , да е државјанин на МКД и да живее во МКД .

- Мора да поседува официјално LIGHT , FULL, Mighty Red или Teen Red membership од www.liverpoolfc.com и истото да биде купено/обновено пред сезона , односно во Мај или Јуни и да го има регистрирано во OLSC Macedonia.

- Треба да биде сигурен дека може да патува во Велика Британија, односно да исполнува услови за вадење виза или да има европски пасош како и да има обезбедено превоз и сместување. Аплицирањето за виза е индивидуално за секој а ние како фан клуб можиме да обезбедиме гарантно писмо за купена влезница и присуство на Anfield.

- Плаќањето на влезниците се врши 1-2 месеци пред почетокот на натпреварот за што клубот не известува и мора да запазиме термин. Фан клубот го информира секој кој треба да плати и за тоа се договараме индивидуално за начинот на плаќање.

- На стадионот се влегува со дигитален сертификат за кој треба да имате инсталирано официјалната апликација MYLFC , а влезницата ја добивате на емаил и потоа се става во wallet на вашиот телефон. Не постои печатена верзија на влезниците.

- Секој кој оди на натпревар треба да направи фото репортажа и да ја достави до фан клубот на нашата контакт адреса .

- За лицата кои живеат во друга земја а се државјани на МКД или нивното членство е на адреса во друга земја, неможе да аплицираат за влезици кај нас, освен ако на нивна територија нема друг фан клуб кон кој можат да се приклучат каде важат правилата на тој фан клуб.

- За aплицирањето и повеќе информации може да добиете на нашата емаил адреса contact@olscmacedonia.com или кај Талевски Горан тел: 071520052 ---- (https://www.facebook.com/Goran.Goran.Goran)

Во никој случај нетреба да се помисли дека влезницата може да се продаде или да му се дај на друг бидејќи за тоа има ригорозни санкции.

YNWA !