17/07/2025
Во пресрет на новата сезона 2025/2026 за Liverpool FC и фан клубот OLSC Macedonia Ви пренесуваме важна информација која треба да ја спроведиме заедно.
Во изминатиот период Liverpool FC направи важна измена за своите членови односно универзален LogIn кој ги поврзува сите ваши акаунти за влезници , членство , MyLfc итн. односно ќе ги имате сите опции на едно место со еден LogIn.
Сите оние кои веќе имаат свој профил на официјалната страна на Liverpool FC и сите оние кои допрва ќе направат , потребно е да се логираат , да внесат неколку податоци и најважно е да го одберат за свој фан клуб Мacedonia Supporters Club и да изберат Update Supporters Club.
Со ова Вие го комплетирате вашиот профил и членство во фан клубот за новата сезона.
НАПОМЕНА Само членовите кои ни имаат испратено потврда за поврзување ќе имаат право за аплицирање на влезници за новата сезона најкасно до 21/07/2025.
Доколку ја немате апликацијата MyLFC , неа можи да ја инсталирате преку следниот линк: ANDROID LINK или APPLE LINK
Повеќе инфо околу MYLFC за тоа како да инсталирате и како да се поврзите со фан клубот прочитајте на следниот LINK
Во прилог инфо како да го сторите тоа на вашиот мобилен уред преку апликацијата MYLFC , или на компјутер преку следниот LINK
pic_1- Внесете ги вашите username и password. Доколку немате никаков профил направете нов преку опцијата Register Now.
pic_2- На вториот екран одберете YES доколку имате ID број од Ваше предходно официјално членство кое го користевте за LogIn, или не доколку немате.
pic_3- Внесете го Вашиот ID број.
pic_4- Внесете го Вашиот телефонски број.
pic_5- Одберете опција која ја сакате.
pic_6- Потврда доколку е успешно поврзувањето.
pic_7- Од листата одберете Macedonia Supporters Club.
pic_8- Одберете опција Update supporters club.
Сите оние кои ќе го направат поврзувањето и го одберат за свој фан клуб Macedonia Supporters Club, ќе треба да не контактираат и да ни потврдат дека го направиле тоа на еден од следните начини:
YNWA!