MK | EN
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ
Како Официјален навивачки клуб на фудбалскиот клуб Ливерпул сите ние во OLSC Мacedonia мора да се придржуваме кон правилата дадени од клубот, да бидиме свесни за нашите одговорности и со
меѓусебно почитување да постигниме инклузивна средина на прав навивачки клуб.
Кодексот на однесување е направен токму заради тоа а стандардите кои се тука наведени, претставуваат правила на однесување кои се очекува да се почитуваат и исполнуваат од сите наши членови.
1. Почит и инклузивност
- Почит кон сите колеги навивачи , гости или други лица без оглед на нивната позадина, мислење и ниво на познавање на спортот.
- Ниеден навивач не смее да му се заканува на друг фудбалски навивач или да се вклучува во песни или скандирања што може да се сметаат навредливи.
- Ниеден член не смее да понижува или да извршува насилство врз кое било друго лице додека присуствува на натпревари на кој било настан поврзан со OLSC или Liverpool FC.
- Неприфатливо е однесување кое вклучува расизам, хомофобија, трансфобија, сексизам , насилно однесување или припадност кон други групи што не ги одразуваат верувањата на OLSC Macedonia.
- Строго неприфатливо е креирање омраза , вреѓање на личности од комитетот и членовите на фан клубот, со тоа само се прави непријатна и недолична средина која ги омаловажува вредностите на заедницата и самиот клуб.
- Строго забранети се сите Јавни соопштенија како што се постови, извештаи и билтени кои се напишани на начин што се штетни за брендот или угледот на Liverpool FC,
ширење на омраза и недолични зборови и статуси напишани за членовите на Liverpool FC и OLSC Macedonia.
2. Страсна подршка
- Навивајте, пејте и славете страсно со подршка на ЦРВЕНИТЕ додека одржувате почит кон нив и кон оние околу вас.
- Поттикнете ја употребата на клупски песни и скандирања осигурувајќи се дека се во согласност со вредностите на спортскиот дух.
- Избегнувајте навредлив јазик или однесување насочено кон клубот, менаџерите, играчите, службените лица или противничките навивачи.
3. Почит кон раководството на Liverpool FC
- Покажете подршка и почит кон сопствениците, менаџерите на клубот и целиот тим признавајќи ги нивните напори да го водат тимот и да го претставуваат Liverpool FC.
- Воздржете се од омаловажување или јавно критикување на раководството на клубот на начини што би можеле да ги омаловажуваат вредностите на заедницата на Ливерпул и да
влијаат на помладите навивачи или негативно да влијаат на искуствата на другите навивачи.
- Писмено или вербално навредување кон персоналот и членовите на клубот нема да биде толерирано под никакви околности.
4. Безбедност и однесување
- Следете ги сите правила на местото на собирот на навивачи вклучувајки ги сите упатства зададени од локацијата или претставниците на навивачкиот клуб на Liverpool FC, OLSC Macedonia.
- Избегнувајте дејствија што би можеле да предизвикаат штета или непријатност на другите како што се фрлање на предмети, прекумерно викање или агресивно однесување и недолично однесување.
Сето тоа влијае кон културата , чесноста и транспарентноста на клубот.
- Употребата на пиротехнички средства од страна на членовите на OLSC кога присуствуваат на натпревари или настани на LFC (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, оние што се одржуваат на „Енфилд“ и настани
организирани од OLSC Macedonia се строго забранети.
5. Заеднички дух
- Учествувајте во активности организирани од OLSC или од други фан групи кои соработуваат со OLSC како што се добротворни акции или настани во заедница за помош и будење на совеста на заедницата
како и помагање на тие што му е најпотребно.
- Подржете ги другите членови во време на потреба, зајакнувајќи ја солидарноста на нашата база на навивачи.
- Избегнувајте групирања на поединци или група на навивачи кои предизвикуваат чувство на нечесност, групирање и правење омраза помеѓу фановите на Liverpool FC.
Мисијата на OLSC е да го промовираат Liverpool FC и со добра намера и да ги одразуваат вредностите што ги има клубот како заедница а не да се прави поделба и групирања.
- Не потпаѓајте на заблуда и ширење на дезинформации кон здружението или клубот.
Главната мисија на OLSC е со цел да ги обедини навивачите на Liverpool FC со креирање на пријателска заедница која нуди врвно навивачко искуство и за локалното население и за посетителите.
Прекршувањата на кодексот на однесување кои евентуално ќе бидат направени од лица ќе бидат разгледани од комитетот на OLSC со што ќе има за право да донеси одлука да го отстранат секој недоличен и неодговорен навивач од
групата и заедницата.
Со присуство на заедничките следења на натпревари организирани од OLSC, сите членови и гости се согласуваат да се придржуваат кон оваа повелба и кон последиците од прекршување на кодексот на однесување.
Заедно, ќе се погрижиме нашите собири да бидат извор на гордост за заедницата на Liverpool FC и незаборавно искуство за секој вистински навивач.
YNWA!