MK | EN


 

Заедничкото следење на натпревари можи да биди во организација на локалните фанови од одреден град инивидуално или во ко-организација со фан клубот. Секој кој сака да организира некаков настан a истиот да биде поддржан и промовиран од фан клубот треба преходно да го најави кај нас за да се запазат сите прописи и правила на еден таков настан.

За секој организиран настан каде фан клубот е ко-организатор, постојат правила за користење на симболите на Liverpool FC и секој дизајн мора да биде одобрен од Liverpool FC пред тој да може да се користи како материјал во печатена форма или онлајн. Во координација на организаторот на настанот и фан клубот ова се решава 1 месец пред одржување на настанот.

Покрај договорените дизајни и користени симболи , може да се случи и домаќинот на настанот , односно кафичот или местото каде се одржува настанот да презентира свој печатен материјал наменет за продажба. Доколку ова не е договорено предходно истото нема поддршка од страна на фан клубот.

Овие дружби често имаат и хуманитарен карактер а фан клубот поддржува секакви хуманитарни акции . Средствата собрани од овие настани мора 100% да бидат донирани , односно да нема никаква заработка или да се покријат трошоци со истите.

За секој контакт со медиумите каде со спомнува името на фан клубот, тоа мора да биде лице поставено од фан клубот бидејќи секој коментар може да биде погрешно протолкуван и да го стави името на Liverpool FC во погрешен контекст.

Локално домаќинот на настанот треба да обезбеди соодветно место и услови за безбедно одржување на настанот.


Собирите и заедничките дружби за натпреварите на Liverpool FC се составен дел од функционирањето на фан клубот. Нашиот фан клуб заедно со фан клубовите од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна организира регионални средби по ротационен систем . Регионалното дружење започна во 2013 година во Сараево, БиХ.

Локално во Р.Македонија се организираат и собири во одредени градови на кои покрај следењето на натпревари имаат и хуманитарен карактер како и забава.

Најголем национален собир кај нас е воедно и регионалниот, но покрај него пракса е да се организираат национални собири во одредени градови за време на битни натпревари на клубот како и навивачки караван кој се одржува во повеќе градови во текот на сезоната.

За организирање на национален собир или град во кој ќе се одржи навивачкиот караван секогаш има предходна најава на нашата официјална страна.

Секој присутен на овие собири како и на локални дружби треба да се придржува до основниот кодекс на однесување.


YNWA!