MK | EN


  • Име | Official Liverpool Supporters Club Macedonia
  • Кратенка | OLSC Macedonia
  • Здружение | Liverpool Supporters' Association
  • Локација | 7000 Битола, С.Македонија
  • Адреса | Маркс и Енгелс 17
  • Основан | 27 Март 2001
  • ОLSC од | 01 Октомври 2013
  • веб страна | www.olscmacedonia.com
  • емаил | contact@olscmacedonia.com
  • тел | +389(0)71520052
  • Facebook | https://www.facebook.com/OLSCMacedonia

 

Liverpool FC секогаш имал навивачи во нашата земја кои се организирале и давале поддршка на клубот на свој начин. Како организиран клуб на навивачи постоиме од Март 2001 година.

Членовите на нашиот OLSC секоја година редовно го следат Liverpool FC во скоро сите натпреварувања. Патувавме во Истанбул, Атина, Киев, Мадрид, Бугарија, Данска, Германија, Русија, Италија, Србија, Португалија, Австрија, Амстердам ... Откако станавме официјален фан клуб се оствари и сонот на многу наши членови и фанови на Liverpool FC да бидат присутни на натпревари на Anfield. Имавме можност да го гледаме Liverpool FC и во нашата земја во 2010 година а приказната продолжува насекаде каде што игра нашиот клуб во Европа.

Во октомври 2013 година фан клубот стана официјален OLSC во мрежата на Liverpool FC.


Сите ние имаме локални клубови со кои сме растеле но во еден момент сме одлучиле дека ова е она вистинското. Дури и да не бевме официјален фан клуб, ќе ги правевме истите работи што ги правиме сега, но фактот дека клубот нè препозна и нè прифати како официјален OLSC ја подигна целата работа на друго ниво. Со тоа се отворија и многу различни можности и бенефиции за нашите членови.

Како OLSC сме организирани во сите поголеми градови во нашата земја. Буквално никогаш не пропуштаме следење на ниту еден натпревар, без разлика дали е во Охрид, Велес, Скопјe, Кавадарци, Штип, Струмица, Тетово, Битолa или било каде на друго место. Секогаш има место каде што можете да ги гледате натпреварите на Liverpool FC со нашите членови каде и да сте.

Исто така организираме национални собири каде што се среќаваат речиси сите навивачи од нашата земја, а имаме и заеднички собири со OLSC од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Словенија - традиција што мора да продолжи и да се прошири со други OLSC кои го сакаат прекрасното дружење.


Секој навивач на Liverpool FC во нашата земја е добредојден да биде член на нашиот OLSC, отворен е за сите без никакви обврски. Единственото нешто што го бараме е да ги почитуваат условите, одредбите и правилата што ни ги дава Liverpool FC. Ги охрабруваме нашите членови да купат официјално членство во Liverpool FC и со тоа да ги имаат сите придобивки од членството во OLSC.

OLSC Macedonia има тело кое го претставува фан клубот составено од претседател, секретар, благајник и одбор. Сите тие им служат на членовите на фан клубот и помагаат во нивните потреби придржувајќи се до правилата дадени од LIverpool FC.

OLSC е блиско поврзан со клубот и заедно се неразделива целина која неможе да функционира одделно. Задачата на OLSC е да го претставува клубот, да ги зближува фановите, да го штити и промовира името на Liverpool FC и неговата историја. Фан клубот на своите членови им овозможува повеќе бенефиции како : пристап до влезници од Премиер лигата на Енфилд, поддршка и логистика за проблеми со нарачки и прашања поврзани со клубот и фановите, попусти на услуги и патувања во Ливерпул, поддршка на собири и заеднички следења на натпревари, дружење и ред други активности преку кои сме поблиску до случувањата во и околу Liverpool FC.

Liverpool FC со својата историја, начин на живот, лојалност на фановите и емоција на свој начин се разликува од другите клубови. Во светот денес постојат преку 300 фан клубови во повеќе од 90 земји кои го делат истото мислење со нас. Поентата на овие фан клубови е да ги соединат истомислениците и да им пружат логистика кон нивнaта посветеност и поддршка на клубот.

За да се добие статусот на официјален фан клуб во мрежата на Liverpool FC се преговараше долг период за да се исполнат сите услови кои беа побарани од нас во однос на техничка документација, социјални мрежи и организирање на луѓе.

Голема благодарност за остварување на целта до: MILEVSKI ALEKSANDAR, IVANOVSKI JOFCE, DIMOVSKI DIMITAR, VRANGALOVSKI VLATKO, BOZINOVSKI BLAGOJA, STOJANOSKA MAJA, PAVLOVSKI STEFAN, CILAKOV JANKO, SUTINOSKI DRAGAN, IVANOSKI ORCE, FILIPOVSKI ILIJA, UROSHEVIKJ ROBERT, DOBRICIK JASNA, RISTEVSKI DIMITRIJA, MILANOVSKI DIME, HRISTOV DEJAN, DJOZO DAMIR, MILOSIEV JORDAN, PEJCHIKJ FILIP, JADROVSKI IGOR, TALEVSKI GORAN.

Секој кој сака да учествува, организира или предложи некоја активност, настан, дизајн и слично е добредојден со свои идеи и предлози за кои ќе се разговара, а фан клубот ќе учествува со своја логистика во рамките на одговорностите и правата кои ни се дадени од страна на Liverpool FC. За користењето на симболи од фан клубот или од Liverpool FC постои правилник според кој мора да се придржуваме. Секаде каде фан клубот се јавува како организатор или ко-организатор на некој настан мора да се спроведуваат правилата и одредбите од Liverpool FC.

Фан клубот не е профитaбилна организација. Сите вклучени во одржувањето и функционирањето на фан клубот се волонтери но и носат свои одговорности за она за што се вклучени во него. За секој контакт со медиумите каде со спомнува името на фан клубот, тоа мора да биде лице поставено од фан клубот бидејќи секој коментар може да биде погрешно протолкуван и да го стави името на Liverpool FC во погрешен контекст.

Сите информации околу начинот на работа на фан клубот , инструкции, најави на настани кои се во организација на OLSC и други прашања може да ги добиете исклучиво на нашата веб страна или да не контактирате на нашиот емаил contact@olscmacedonia.com. На социјалните мрежи имаме профил на Facebook ЛИНК на кој се постираат истите содржини од веб страната.

На крај голема благодарност и до заедниците и групите на социјалните платформи кои на свој начин придонесуваат за популаризација на клубот и во организација на фановите:

 

YNWA!