MK | EN


 

Фан клубот за своите членови може да аплицира единствено за влезници од Премиер лигата за натпревари на Anfield. За сите останати натпреварувања како FA или League Cup и европските официјални или пријателски натпревари фан клубот нема пристап.

За влезници може да аплицира секој член на фан клубот кој е државјанин на нашата држава и своето членство го има регистрирано кај нас. Прочитајте повеќе во ЧЛЕНСТВО.

Аплицирањето се прави два пати годишно , еднаш во Јуни-Јули за првиот дел од сезоната и еднаш во Октомври-Ноември за вториот дел од сезоната . За потврда дека се добиени влезници се чека неколку недели и нема гаранција од страна на клубот дека ќе ни бидат доделени бидејќи интересот секогаш е голем и во зависност од рејтингот на натпреварот.

Секој кој сака да аплицира мора да исполнува неколку услови:

- Mора да е регистриран член на OLSC Macedonia , да е државјанин на МКД и да живее во МКД .

- Мора да поседува официјално членство од liverpoolfc.com и истото да биде купено/обновено пред сезона , односно во Мај или Јуни и да го има регистрирано во OLSC Macedonia.

- Треба да биде сигурен дека може да патува во Велика Британија, односно да исполнува услови за добивање виза како и да има обезбедено превоз и сместување. Аплицирањето за виза е индивидуално за секој а ние како фан клуб можиме да обезбедиме гарантно писмо за купена влезница и присуство на Anfield.

- Плаќањето на влезниците се врши 1 месец пред почетокот на натпреварот за што клубот не известува и мора да запазиме термин. Фан клубот го информира секој кој треба да плати и за тоа се договараме индивидуално за начинот на плаќање.

- Изборот на трибина и места на Anfield е избор на тимот за влезници од Liverpoool FC и таа информација ја добиваме 1 недела пред натпреварот.

- На стадионот се влегува со NFC Pass/влезница кој секој го добива на својот емаил и со него влегува на стадион.

- Секој кој оди на натпревар треба да направи фото репортажа и да ја достави до фан клубот на нашата контакт адреса .

- За лицата кои живеат во друга земја а се државјани на МКД или нивното членство е на адреса во друга земја, неможе да аплицираат за влезици кај нас, освен ако на нивна територија нема друг фан клуб кон кој можат да се приклучат каде важат правилата на тој фан клуб.

- За aплицирањето и повеќе информации може да добиете на нашата емаил адреса contact@olscmacedonia.com или facebook: OLSC Macedonia

Во никој случај нетреба да се помисли дека влезницата може да се продаде или да му се дај на друг бидејќи за тоа има ригорозни санкции.

YNWA!